Русија го нападна Киев со балистички проектили еден ден откако Владимир Путин вети болна одмазда за украинските напади врз Кримскиот мост. Во нападот загинаа најмалку тројца луѓе и се оштетени три моста.
Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, апелираше до жителите да не користат автомобили, наведувајќи дека во нападот биле оштетени три моста на Днепар и дека е нарушено снабдувањето со електрична енергија, греење и вода
Ноќешниот напад, кој траел неколку часа, вклучил дронови и балистички и крстосувачки ракети, лансирани од стратешки бомбардери „Ту-160“, кои полетале од воздухопловната база „Украинка“ на Далечниот Исток на Русија, соопшти украинската војска. Покрај Киев, биле нападнати и Харкив, Днипро, Криви Рих, Ивано-Франкивск и Лвов, каде што загинаа двајца луѓе.
По самитот со Трамп и Шји во Кина, Путин се закани дека Русија ќе одговори на украинските напади врз Кримскиот мост, кој неделава претрпе сериозни оштетувања.



