Кавадарчката полиција добила пријава од мајка на малолетно дете, дека нејзината ќерка била злоставувана од две врснички, при што едната од нив ја горела со цигара.
„На 18 ноември во 22:30 часот во ОВР Кавадарци, Е. К. (35) од Кавадарци пријавила дека на 16 ноември на улица Сремски фронт во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била нападната од други две малолетнички, од кои едната ја држела, а другата ја горела со цигара“, соопшти СВР Велес.
За настанот биле усно известен јавен обвинител од кавадаречкото Основно јавно обвинителство (ОЈО) и Центарот за социјални работи во Кавадарци. Полицијата ги испитува наводите по пријавата.
П. ПЕЧКОВ



