ПОЛСКА ДОНИРАШЕ ХИРУРШКА ОПРЕМА ОД 47.000 ЕВРА ЗА БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

ПОЛСКА ДОНИРАШЕ ХИРУРШКА ОПРЕМА ОД 47.000 ЕВРА ЗА БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИКлековски со директорката на Болницата Катерина Мирчовска и полскиот амбасадор Мариуш Бримора.(Фото: Министерство за здравство )

Амбасадата на Полска набави медицинска опрема во вредност од 47.000 евра за Општата болница во Кочани. Донацијата е наменета за оперативната сала, а содржи: најсовремен операционен стол, компатибилен хистероскоп, операционо светло и друга хируршка опрема.

Од Болницата велат дека  благодарение на новата опрема, донација од „Полска помош“ (Polish Aid), на 19 ноември биле извршени три операции.

Од Министерството за здравство соопштија дека покрај полската донација, во Кочанската болница е набавен е нов дигитален рендген-апарат, чија инсталација се очекува во наредниот период, а за одделот за физикална терапија е обезбедена современа медицинска опрема. Вработени се гинеколози, а службата за Итна медицинска помош е зајакната со две нови амбулантни возила.

„Модернизацијата на Општата болница Кочани ќе ја анализираме заедно со Клиничката болница Штип. Источниот регион треба да се планира како целина,  што се развива во Кочани, што во Штип и како двете болници меѓусебно се надополнуваат, наместо да се планира болница по болница“, изјави министерот Сашо Клековски.

 

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира