Сопственикот на српската телевизија „Информер“, Драган Вучиќевиќ. е уапсен денеска по наредба на Второто основно јавно обвинителство во Белград. Според сајтот „Нова“, Вучиќевиќ е уапсен за предизвикување паника и неред во подолг временски период и за попречување на правдата.
Порталот „Информер“ објави дека Вучиќевиќ бил приведен во близина на зградата каде што работи, по што бил префрлен во полициска станица, каде што му е одредено задржување.
„Сопственикот на ‘Информер ТВ‘, Драган Ј. Вучиќевиќ, штотуку е уапсен. Тој е уапсен само поради неговата новинарска работа, а мене тоа доволно ми кажува со какви идиоти си имаме работа“, кажа шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, во парламентот и ја напушти седницата.
Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, побара Вучиќевиќ веднаш да биде пуштен да се брани од слобода, без оглед на тоа за што е обвинет.
Набргу по победата на Студентската листа на изборите во Србија, Регулаторното тело за електронски медиуми предаде иницијатива за започнување постапка за одземање на лиценцата за емитување на телевизијата „Информер“ поради долгогодишно кршење на медиумските закони и професионалната етика, кампањи против дисиденти и пропагандна работа во корист на актуелната влада.



