НАД 26.000 ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВРАТ НА НЕЗАКОНСКИ НАПЛАТЕНИ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БРЗИТЕ КРЕДИТИ

НАД 26.000 ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВРАТ НА НЕЗАКОНСКИ НАПЛАТЕНИ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БРЗИТЕ КРЕДИТИНеправилно работеле 18 финансиски друштва, а издадени се и платни налози во вкупен износ од над 3,5 милиони денари, кажаа директорот на ДПИ Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. (Фото: Принтскрин од видео на Влада на РСМ)

Над 26.000 граѓани ќе добијат поврат на повеќе од 140 милиони денари (околу 2,2 милиони евра) незаконски наплатени од финансиските друштва за опомени и паушални надоместоци поради доцнење со отплата на кредитите. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) им изрече решенија на друштвата со рокови од 30, 60 и 90 дена за враќање на средствата, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, на заедничка прес-конференција со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Инспекциските контроли во изминатите три месеци ги опфатиле сите 27 лиценцирани финансиски друштва, а се однесувале на периодот од 2023 до 2026 година. Кај 18 друштва биле утврдени нечесни трговски практики и незаконски одредби во договорите за потрошувачки кредити, додека кај 12 било констатирано незаконско наплатување известувања и опомени за доцнење со плаќањето. Издадени се и платни налози во вкупен износ од над 3,5 милиони денари (околу 215.000 евра).

За казните, Стојковски рече дека дека нивниот износ зависи од видот и бројот на прекршените одредби, при што се движат од 2.000 до 10.000 евра за една мерка по финансиско друштво. Кај дел од друштвата биле утврдени прекршувања на повеќе одредби, за кои се изречени соодветен број мерки.

Директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, најави дека по истекот на роковите ќе следуваат контролни надзори за да се провери дали средствата се вратени. Имињата на друштвата засега нема да бидат објавени поради тековните инспекциски постапки.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, рече дека нема да се толерираат практики на штета на граѓаните.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира