Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нападна „чудното“ пријателство на Доналд Трамп со Владимир Путин, велејќи дека тоа е слично како да си пријател со Адолф Хитлер за време на Втората светска војна.
Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски рече дека Трамп самиот решава што ќе каже или објави, но дека е чудно да се нарече Путин пријател.
„Тој е агресор и убиец. Не може да биде пријател. Тоа е исто како некој да каже за Хитлер за време на Втората светска војна дека е добар пријател. Не, тој не е пријател“, рече Зеленски.
Зеленски зборуваше една недела откако Трамп се сретна со Путин на самитот во Кина, каде што кажа дека тој е негов пријател. Неколку дена подоцна, Трамп објави фотографија на својата платформа Трут соушл, на која двајцата се ракуваат, насловувајќи ја „Мојот пријател“.
Односот на Трамп со Зеленски беше променлив. Тие првпат се судрија јавно во февруари 2025, кога американскиот претседател го пречека во Белата куќа. Во поново време, Трамп му се налути за украинските напади врз руските рафинерии, обвинувајќи го за покачувањето на цените на горивата.



