ОД 1 ДЕКЕМВРИ СКОПСКОТО ПАРНО ГРЕЕЊЕ ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 7,56 ОТСТО, СМЕТКАТА ЌЕ БИДЕ ПОВИСОКА ЗА 188 ДЕНАРИ

ОД 1 ДЕКЕМВРИ СКОПСКОТО ПАРНО ГРЕЕЊЕ ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 7,56 ОТСТО, СМЕТКАТА ЌЕ БИДЕ ПОВИСОКА ЗА 188 ДЕНАРИВо Скопје на парно се греат скоро 70.000 потрошувачи. (Фото: СДК.МК)

Од 1 декември, цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика, а за корисниците кои се приклучени на мрежата на поранешна топлана Скопје Север, сегашна „Енерџи еколинк“ зголемувањето е за 5,84%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со ова, просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денари.

Од РКЕ велат дека поскапувањето е поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања.

„Одлуката следува откако сите компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е на сила од 1 август 2026 година“, велат од РКЕ.

Во Скопје на парно се греат скоро 70.000 потрошувачи.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира