Во Психијатриската болница во скопско Бардовци е спроведен 52-годишниот М. М. која ја претепа 42-годишната сопруга која е во животозагрозувачка состоја во КАРИЛ на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека на 27.11.2026 во 14.10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода М.М. од селото, лице со нарушено ментално здравје.
Претходно, неговиот татко пријавил дека околу 12:30 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреди. Откако ѝ била укажана помош во болницата во Гостивар, поради сериозноста на повредите, жената во бессознание била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување.
„Исто така, при лишувањето, тој давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриската болница – Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, ни рекоа од МВР.
„Слободен печат“ објави дека жената од Гостивар која синоќа претепана од сопругот во тешка состојба била донесена на Ургентен центар во Скопје, а потоа во животозагрозувачка состојба беше пренесена на интензивна нега на КАРИЛ, има скршени ребра.
„Четириесет и двегодишна пациентка од Гостивар е примена на Ургентниот хируршки центар во 18 часот и 8 минути со повреди на градниот кош и главата, податок за повреда од сопругот, направени се дијагностички процедури и констатирани се тешки телесни повреди, фрактура на ребра од 7-мо до 10-то, парцијален пневмоторакс и мала ефузија како и субдурален пласт. Примена е на КАРИЛ, изјави за „Слободен печат“ д-р Игор Мерџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ.
Од Обвинителството велат дека правната квалификација ќе биде одредена согласно доказите.
„Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, вели Обвиниелството.



