НИКОЛОСКИ ГИ ПОВИКА ИНЖЕНЕРИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА РАБОТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА

НИКОЛОСКИ ГИ ПОВИКА ИНЖЕНЕРИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА РАБОТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА„Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, кој е од големо значење за целиот Пелагониски Регион“, кажа Николoски. (Фото: Министерство за транспорт)

Околу 1.200 нови работни места ќе се отворат за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Саемот за вработување во Прилеп, во организација на „Бехтел-Енка“.

„Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, кој е од големо значење за целиот  Пелагониски Регион“, кажа Николoски.

Вицепремиерот додаде дека „Бехтел и Енка“ се на врвот по просекот на исплатена месечна нето плата. Вели, ако просек за 2025 година е 137.000 денари (околу 2.200 евра) тие немаат плата под 60.000 денари (над 900 евра).

„Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности“, рече Николоски.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира