ЛИБАНСКА УМЕТНИЦА ПРАВИ СКУЛПТУРИ ОД ШРАПНЕЛИ

ЛИБАНСКА УМЕТНИЦА ПРАВИ СКУЛПТУРИ ОД ШРАПНЕЛИЗа уметницата Лина Џуни создавањето скулптури е и начин за справување со траумата од војната. (Фото: ДПА)

Либанската уметница Лина Џуни ги претвора остатоците од бомби и гранати пронајдени во јужен Либан во уметнички скулптури, давајќи им нова смисла на предметите создадени за уништување. По враќањето во своето село Румине, по прекинот на огнот во ноември 2024 година, таа започнала да собира метални остатоци од војната и да ги претвора во уметнички дела.

Нејзината прва скулптура, наречена „Чичко Маслинка“, била инспирирана од парче шрапнел пронајдено покрај стара маслинка во нејзината градина.

„Сакам на овие парчиња, создадени за убивање и уништување, да им дадам нова цел“, вели Џуни.

Нејзиниот проект добил поддршка и од жители кои ѝ помагаат да собира шрапнели, а некои бараат од неа да создаде скулптури во спомен на нивните загинати блиски.

За уметницата, создавањето скулптури е и начин за справување со траумата од војната.

„Претворањето на шрапнелите во уметност ми носи психолошко олеснување и ми помага негативната енергија од секојдневието да ја претворам во позитивна“, вели таа. „Тоа стана еден вид процес на лекување. Чувствувам како да им вдишувам живот на овие студени, смртоносни парчиња“, додава Џуни.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира