СУДИЈАТА СЕ ОПОРАВИ ОД РАСПИТОТ НА ЈАНКУЛОСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    СУДИЈАТА СЕ ОПОРАВИ ОД РАСПИТОТ НА ЈАНКУЛОСКА

    Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на Гордана Јанкулоска.

    Како што информираат од Основниот суд Скопје 1 за „Мета“, судијата денеска треба да се врати на работа и да одлучи кога ќе продолжи со сослушувањето. Од судот велат дека тоа најрано може да се случи кон крајот на оваа работна недела, односно в четврток или в петок.

    – Судијата на претходна постапка кој го води предметот користеше денови од боледување. Кога ќе испрати покани до странките и кога ќе продолжи постапката, одлучува судијата – ни рекоа од Основниот суд Скопје 1.

    Сослушувањето на осомничните во случајот „Тврдина“ почна во средата минатата недела, но по околу четири часа тоа беше прекинато бидејќи судијата не се чувствуваше добро, а интервенираше и екипа на итната медицинска помош.

    Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот, по излегувањето од судот изјави дека не се чуствува виновна, а за истрагите на Специјалното јавно обвинителство искоментира дека се дел од политичката агенда на СЈО и дека очекува во наредниот период да има уште истраги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира