СО ПАЛЕЊЕ ШЕСТ СВЕЌИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ХОЛОКАУСТОТ ВО СКОПЈЕ

    СО ПАЛЕЊЕ ШЕСТ СВЕЌИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ХОЛОКАУСТОТ ВО СКОПЈЕСо палење шест свеќи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонијаи изложба беше одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот.(Фото:Ѓ.Личовски)

    Со палење шест свеќи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и изложба беше одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот. Овој ден се одбележува во чест на еврејската борба за човеково достинство.

    Беше отворена и изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“, на која беа прикажани ликовни творби на децата од основните училишта во земјава. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Шест милиони Евреи се убиени во нацистистичките логори на смртта. Седум илјади и двесте македонски Евреи  на 11 март 1943 година  од скопскиот монопол беа однесени во логорот Треблинка.

    Комеморацијата ја организираа Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира