НОВА ИНОВАТИВНА ТЕРАПИЈА ДОСТАПНА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА СО ХЕМАТОЛОШКИ МАЛИГНИ БОЛЕСТИ

    НОВА ИНОВАТИВНА ТЕРАПИЈА ДОСТАПНА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА СО ХЕМАТОЛОШКИ МАЛИГНИ БОЛЕСТИ„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. - Седиштетот на „Рош“ во Базел

    Пациентите од Македонија со хематолошки малигни болести ќе имаат пристап до новиот таргетиран лек „Газива/Gazyva“ (обитунузумаб) за лекување на хронична лимфоцитна леукемија и релапс/рефракторен не-Хочкинов лимфом. Лекот е на фармацевтската компанија „Рош“ и овозможува продолжено вкупно преживување и подобрен квалитет на животот на пациентите со овој тип хематолошки малигни болести.

    На 19 април, во склоп на Вториот конгрес на македонското здружение за хематологија во Скопје, фармацевтската компанија „Рош“ го промовираше пред стручната јавност новиот лек „Газива/Gazyva“ (обитунузумаб).

    „Придонесот и соработката помеѓу иновативната медицина, софистицираната дијагностика и напредната технологија создадоа досега невидена можност за подобрување на третманот на пациентите денес и во иднина. Лекот „Газива/Gazyva“ (обитунузумаб) ја заменува досегашната стандардна третманска опција кај пациентите со хронична лимфоцитна леукемија, лекот „Мабтера/MabThera“ (ритуксима). „Газива“ не претставува дополнителна терапија и дополнителен здравствен трошок и воедно овозможува двојно подолго преживување без прогресија на болеста (29,2 наспроти 15,4 месеци) споредено со „Мабтера/MabThera“ (ритуксима). „Газива/Gazyva“ (обитунузумаб) во комбинација со хемотерапија (хлорамбуцил) овозможува брза и долготрајна ремисија на болеста со извонредно долго време до следниот антилеукемиски третман (51,1 месец), без потреба од последователен третман во период подолг од 4 години кај пациентите со хронична лимфоцитна леукемија. Од друга страна, кај пациентите со индолентни лимфоми, лекот „Газива/Gazyva“ (обитунузумаб) во комбинација со хемотерапија (бендамустин) овозможува да го возвратиме ударот кога болеста ќе напредне и покрај дадената индукциона терапија, со што им ја враќаме надежта за излекување и подолго преживување на нашите пациенти; преживувањето без прогресија на болеста е зголемено на 29 месеци наспроти 14 месеци во контролната група (клиничка студија фаза 3 Гадолин)“, изјави директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија во Скопје, проф. д-р Лидија Чевреска.

    Директорот на Балканската групација на „Рош“, Уфук Апајдин, изјави: „Пациентите се во фокусот на сè што прави ’Рош’ и сакаме да сме сигурни дека сите што се погодени од рак, имаат пристап до најдобриот можен третман и нега. ‘Газива’ ја одразува ползата што иновацијата им ја нуди на пациентите, на нивните семејства, на здравствените институции и на општеството. Целта на овој иновативен лек е да обезбеди нова и подобра опција и долготраен одговор на третманот на лицата со хематолошки заболувања, со што ќе се подобри квалитетот на нивниот живот, водејќи кон поздрави и попродуктивни семејства. Податоците се навистина охрабрувачки: стапки на одговор што ветуваат, долготрајни одговори на третманот и поволен безбедносен профил. Можноста да се подобри третманското искуство, исходот како и квалитетот на животот на пациентите со ‘Газива’ е возбудлива и главна движечка сила на нашата работа.“

    Чевреска кажа и дека според достапните податоци, секоја година се регистрираат 60-ина нови случаи на хронична лимфоцитна леукемија, во 2016 година и бројот на новозаболени е во постојан пораст во последниве 5 години.

    „Компанијата Рош Македонија ДООЕЛ Скопје, врз основа на препораките од оваа студија, испрати Писмо за намера за отворена соработка со здравствените власти, со цел лекот ‘Газива’ да стане достапен за пациентите во Р. Македонија. Повеќе од 20 години ‘Рош’ развива лекови што го редефинираат третманот во хематологијата и денес инвестираме повеќе од кога и да е во нашите напори да им понудиме иновативни опции за третман на лицата со хронична лимфоцитна леукемија, не-Хочкинов лимфом и други хематолошки болести“, додаде Апајдин.

    Одобрувањето за овој лек прва го издаде Американската администрација за храна и лекови, а потоа и Европската агенција за лекови. Во Македонија, лекот „Газива/Gazyva“ (обитунузумаб) е одобрен за прволиниски третман на пациентите со хронична лимфоцитна леукемија во октомври 2015 година и во април 2017 година, кај пациенти со фоликуларен лимфом кај кои болеста напреднала во тек на или до 6 месеци, по индукционен третман или терапија на одржување со „Мабтера“ или режими базирани на „Мабтера“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира