И ГЕРМАНИЈА НАЈОСТРО ГО ОСУДИ НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО ВО СКОПЈЕ

    И ГЕРМАНИЈА НАЈОСТРО ГО ОСУДИ НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО ВО СКОПЈЕПред германското министерство за надворешни работи, се огласија и ЕУ и САД. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Германија најостро го осуди нападот на Собранието во Скопје во кој беа повредени неколкумина пратеници, вклучувајќи ги лидерите на СДСМ Зоран Заев и на АА Зијадин Села.

    „Најостро го осудуваме нападот на парламентот во Скопје!“, објави германското министерство за надворешни работи на Твитер.

    Претходно, ЕУ го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и најостро го осуди насилството во Собранието, а Американската амбасада најостро го осуди насилството врз пратениците на мнозинството во Собранието, го поздрави изборот на Талат Џафери за спикер и најави дека ќе работи со него заради поддршка на демократијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира