ТАЛАТ НЕ Е ЛЕГАЛЕН ОТИ ГО СНИМАЛЕ СО МОБИЛЕН, ВЕЛИ ВЕЉАНОСКИ

    ТАЛАТ НЕ Е ЛЕГАЛЕН ОТИ ГО СНИМАЛЕ СО МОБИЛЕН, ВЕЛИ ВЕЉАНОСКИТрајко Вељаноски вели дека одговорноста за обезбедувањето на Собранието ја има МВР и дека имало големи пропусти.(Фото: СДК.МК)

    Пратеникот Трајко Вељаноски вели дека изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е нелегитимен затоа што неговиот избор бил пренесуван со мобилен телефон, а не на Собранискиот канал.

    „Со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието ги прекршија Законот на Собранието, Уставот и Деловникот. Го прекршија член 9 од Деловникот, член 63 од Уставот и согласно законот, Собранискиот канал ја пренесува седницата, не можат тие со мобилен телефон да ја пренесуваат“, изјави Вељаноски вечерва во вестите на телевизија „Сител“.

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кажа и дека за обезбедувањето на Собранието е одговорно Министерството за внатрешни работи и дека веројатно имало големи пропусти.
    Талат Џафери од ДУИ беше избран за нов претседател на Собранието во четвртокот, нешто по 18 часот, по што се случи напад на Собранието од демонстранти на „За заедничка Македонија“, во кој беа повредени на 100 пратеници, полицајци, новинари и граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира