Демонстрантите кои вечерва пробаа да го пробијат кордонот полицајци кои ја чуваат зградата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје го нападнаа и лидерот на СДСМ Зоран Заев: „Доста се сликате, направи нешто!“ јавуваат репортерите на СДК.МК.
Тој на обвинувањата дека премногу тактизира одговори дека е дојден само да даде поддршка.
Лидерот на СДСМ и претседателот на Достоинство Стојанчо Ангелов вечерва им се придружија на демонстрантите кои попладнево прво ја гаѓаа со јајца Канцеларијата на претседателот за односи со граѓаните, а потоа се обидоа да стигнат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но беа спречени од полицијата.
Тие се организираа преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на протести против одлуката на претседателот Иванов да ги аболира осомничените од прислушуваните разговори.
Бидејќи нема формален организатор на протестите, ситуацијата е малку хаотична.