НА ПОЛИЦИЈАТА Ѝ ТРЕБА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, КАЖА МИНИСТЕРОТ НУХИУ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

    НА ПОЛИЦИЈАТА Ѝ ТРЕБА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, КАЖА МИНИСТЕРОТ НУХИУ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТАМинистерот Агим Нухиу во чест на загинатите припадници на МВР положи цвеќе пред спомениците во кругот на министерството. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Полицијата треба да гарантира една безбедна средина за сите граѓани, а на државната и јавната безбедност им е потребен професионализам, рече министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на денешното одбележување на Денот на полицијата 7 мај.

    „Крупните реформи во полицијата ќе мора да продолжат да бележиме напредок и просперитет, притоа тоа негувајќи ги вредностите и стандардите на една професионална, достоинствена и почитувана полиција“, рече Нухиу.

    Министерот за внатрешни работи Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во чест на загинатите припадници на МВР положија цвеќе пред спомениците во кругот на министерството за внатрешни работи. Цвеќе положија и високи функционери на МВР, како и семејствата на загинатите припадници на МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира