НЕ Е ЗАМРЗНАТА СМЕТКАТА НА ТВ НОВА НА ИЗБЕГАНИОТ ГАЗДА СЕАД КОЧАН

    НЕ Е ЗАМРЗНАТА СМЕТКАТА НА ТВ НОВА НА ИЗБЕГАНИОТ ГАЗДА СЕАД КОЧАННовинарите на ТВ Нова и вработени во други компании на Сеад Кочан ја блокираа улицата пред СЈО, обвинувајќи дека СЈО ја гуши слободата на медиумите. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 на барање на Специјалното јавно обвинителство го замрзна имотот на компанијата „Трансмет“ на осомничениот и избеган бизнисмен Сеад Кочан и три сметки на истата компанија, потврди СЈО, додавајќи дека не е замрзнатата сметката на неговата телевизија „ТВ Нова“. Од СЈО велат и дека не се замрзнати сметки на физички лица.

    Кочан, кој е во бегство уште од 9 март, кога Основниот суд Скопје 1 му изрече мерка притвор, е првоосомничен во случајот на СЈО „Труст“ СЈО за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира