ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА СЈО НЕПРЕЧЕНО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА

    ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА СЈО НЕПРЕЧЕНО ДА ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА

    Германската сојузна влада е длабоко загрижена за најавата на македонскиот Претседател на државата, проф. Ѓ. Иванов, на 12 април 2016  и очекува принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни, се вели во соопштението на Германската амбасада во Скопје.

    „Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на Претседателот на државата. Од особено значење е Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница. Покрај тоа, сите партии би требало да ги засилат своите напори за создавање на минимум предуслови за избори, соодветни на европските стандарди“, соопшти Германската амбасада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира