НЀ ЛАЖАТ И НЀ КОРИСТАТ САМО ЗА ИЗБОРИ, СЕ ПОЖАЛИЈА РОМИТЕ ОД БИТОЛА

    НЀ ЛАЖАТ И НЀ КОРИСТАТ САМО ЗА ИЗБОРИ, СЕ ПОЖАЛИЈА РОМИТЕ ОД БИТОЛАОд денешната трибина за проблемите на ромската заедница во Битола што се одржа во организација на здружението „РОМА С.О.С.“ (Фото:СДК.МК)

    Лажени сме од сите партии и нè лажат и нè користат само за време на избори, а потоа ќе ги снема, го искритикува односот на политичките партии кон ромското население искритикува Селајдин Касум, член на Ромскиот парламент на денешната трибина за проблемите на ромската заедница во Битола што се одржа во организација на здружението „РОМА С.О.С.“ .

    „Им требаме на партиите посебно кога идат избори. Сега за локалните избори сите ќе трачаат по нас, ќе ни направат нешто, а потоа ќе ги снема. Сè ни ветувале, нешто направиле пред денот на изборите, некое уличе асфалтирано на пола, од асфалтот само горен слој ставаат и за три месеци го нема. Лажени сме катастрофално од сите партии. Не сме задоволни од ниедна партија, сите нè лажат и нè користат само за време на избори. Дајте ве молам и ние сме луѓе“, порача Касум.

    Околу 500 ромски семејства во Битола живеат во неурбанизираната населеба „Петочна вода“ и тоа на иста улица „Караорман“ на два броја 103 и 111.

    Тој се пожали дека околу 500 ромски семејства во Битола живеат во неурбанизираната населба „Петочна вода“ и тоа на иста улица „Караорман“ на два броја 103 и 111.
    „На една улица и два броја живеат 500 семејства. Не можат да извадат документи, ни лична крата зашто живеат во дивоградби, немаат имотен лист. Поради ова проблеми има и со вакцинирањето на новороденчиња. Преку лето немаат вода, а преку зима немаат струја. Двата мои синови со семејствата живеат таму и доаѓаат кај нас дома да се бањаат. Има жртви заради лошо спроведена струја. Таму се повеќето социјалци, невработени“, рече Касум.

    Во вакви услови хигиената е на многу ниско ниво, а населбата буквално тоне во депонии. Децата немаат елементарни услови за хигиена, а мора да одат на школо. Оттука и присустната сегрегација во основното училиште „Ѓорги Сугарев“ каде претежно се запишуваат Ромчињата, а другите ученици учат во други школи. Годинава во прво одделение оформени се паралелки исклучиво со ромски дечиња.
    Од здружението „РОМА С.О.С.“ препорачаа до идните власти да се известира во градби на стамбени згради и индивидувални обејкти за семејствата во ризик од населбата „Петочна вода“. Да им се обезбеди пристап до канализациона и водоводна мрежа, да се изврши теренска проверка за пристапот до електрична енергија. Да се организираат еколошки акции и да се отстране отпадот од населбата за да се овозможи повисоко ниво на хигиена и здравје.

    „Ромското население е заинтереисрано и сака да се вклучи во надминување на овие проблеми. Но, потребно е локалната власт и претпријатија да покажат волја и интерес за да се соработува во идниот период. Нивното игнорирање на овој настан и на барањата на ромската заедница се всушност знак дека нема волја за надминување на овие проблеми“, рече Несиме Салиовска од „РОМА С.О.С.“ од Прилеп. (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира