САД ОЧЕКУВА ДА СОРАБОТУВА СО НОВАТА ВЛАДА ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА, ПОРАЧА ЗАМЕНИЧКАТА НА АМБАСАДОРОТ НА САД

    САД ОЧЕКУВА ДА СОРАБОТУВА СО НОВАТА ВЛАДА ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА, ПОРАЧА ЗАМЕНИЧКАТА НА АМБАСАДОРОТ НА САДШвајцер Блум, заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД денешната презентација на проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето.(Фото: СДК.МК)

    Микаела Швајцер Блум, заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД, рече дека очекува новата Влада да се формира брзо и дека САД остануваат стратешки партнер на Македонија и дека ќе ја поддржат во спроведување на потребните реформи за забрзана евроатлантска интеграција.

    Таа ова го изјави непосредно откако претседателот Ѓорге Иванов му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира Влада, на презентацијата на проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето.

    „Мислам дека е добро за Македонија и за луѓето во Македонија што формирањето на Влада минува во нова фаза и дека ќе се формира нова Влада која ќе работи за доброто на граѓаните. Сметам дека е многу важно да се знае дека претседателот Иванов и лидерите на партиите од коалицијата на мнозинството најдоа начин да соработуваат на конструктивен начин за да дојдат до оваа позитивна фаза за македонските граѓани. Очекуваме да соработуваме со новата Влада кога ќе се формира, се надеваме дека тоа ќе биде брзо. Македонија, очигледно има многу работа, треба да се спроведат итни реформи за да може да напредува забрзано во евроатланската заедница. САД остануваат стратешки партнер со Македонија и очекуваме да соработуваме со новата Влада, за да ја поддржиме во тие реформи и прогресот“, рече Швајцер Блум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира