На судскиот процес против деветтемина обвинети за учество во нападот на пратеници во Собранието на 27 април не дојде првообвинетиот Ангел Зафировски, кој е во куќен притвор, и судењето се презакажа за 23 мај.
Присутни беа останати осуммина обвинети за учество во толпа: Димче Христовски, Данилчо Василевски, Стојан Павловски, Борис Мутков, Марјан Стојановски, Виктор Настев, Александар Стојчев и Мирче Цветановски. На судењето дојдоа и над 20 оштетени, главно повредени припадници на собраниското обезбедување и припадници на специјалните полициски сили.
Обидот за судење се случуваше во многу мала судница, во која едвај ги собра обвинетите и нивните адвокати. Тоа беше дополнителна причина што судењето се презажа за 5 дена.
Пред Основниот суд Скопје 1 протестираа 30-тина поддржувачи на обвинетите кои бараат нивно ослободување и со закани ги спречија новинарските екипи да ги снимаат нивните ликови.
С.К.ДЕЛЕВСКА