И МАЖИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ ХПВ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД РАК ПРИ ОРАЛЕН СЕКС

    И МАЖИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ ХПВ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД РАК ПРИ ОРАЛЕН СЕКСАктерот Мајкл Даглас го привлече вниманието на јавноста пред неколку години, кога изјави дека ракот на грлото го добил од ХПВ, со кој се заразил преку орален секс. (Фото: УПИ)

    Вакцината против хуман папилома вирусот (ХПВ), која помага да се спречи појава на рак на грло на матка кај жените, може да го намали ризикот од орални инфекции, кои предизвикуваат рак на устата и грлото кај младите мажи, откри едно ново истражување.

    Овие видови рак растат сé побрзо, и се почесто се јавуваат, особено кај мажите, а истражувањата укажуваат дека ХПВ се шири и преку орален секс. Актерот Мајкл Даглас го привлече вниманието на јавноста пред неколку години, кога изјави дека ракот на грлото го добил од ХПВ, со кој се заразил преку орален секс.

    Ова е прво истражување за тоа дали вакцината би можела да ги спречи оралните инфекции од ХПВ кај младите мажи и произлезените резултати покажуваат дека може. Кај ниту еден од мажите, кои примиле најмалку една доза од вакцината не се откриени инфекции од ХПВ поврзан со рак, но повеќе од 2 отсто од невакцинираните мажи имале ХПВ, со потенцијална опасност да заболат од рак.
    Резултатите беа објавени во средата од Американското здружение на клиничка онкологија пред својата годишна средба следниот месец.

    ХПВ е многу чест вирус и повеќето луѓе, кои се сексуално активни биле изложени на него. Неколку вида на ХПВ предизвикуваат брадавици на гениталите, но обично вирусот нема симптоми и исчезнува. Кај некои луѓе тој развива долгрочни инфекции, кои можат да предизвикаат рак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира