Седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ учествувале во отворањето на главната собраниска врата и ги насочувале демонстрантите на 27 април, покажуваат снимките од собраниските камери кои вечерва ги објави телевизија Телма.
Тоа се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија, кои се гледаат на безбедносните камери.
Во целата акција за влез во Собранието учествувале вработени од Агенцијата за разузнавање, АРМ и УБК. На снимките се гледа како дел од пратениците ги насочуваат демонстрантите во различни насоки во Парламентот откако пратениците Василевски и Мукоски ја отвораат вратата.
Снимките ги има и Основното јавно обвинителство под раководство на Марко Зврлевски, но до сега нема преземено ништо.