КОН ТОДОРОВ БИЛО ПУКАНО СО ГАСЕН ПИШТОЛ

    КОН ТОДОРОВ БИЛО ПУКАНО СО ГАСЕН ПИШТОЛПолиција врши увид пред Министерството за здравство по пукањето кон бившиот министер Тодоров. (Фото: СДК.МК)

    Напаѓачот во ексминистерот за здравство Никола Тодоров пукал со несмртоносен гасен пиштол, кој не може да убие,  потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.
    Инцидентот се случил околу 12 часот пред објектот на Министерството за здравство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.

    Љ.С. (60) од село Долно Каласлари, неофицијално дедо по мајка на починатата Тамара од Велес, два пати пукнал кон поранешниот министер за здравство. Полицијата го приведе Љ. С. Тодоров не е повреден.
    Повеќе информации за случајот МВР најави на прес-конференција попладнево.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира