СОБРАНИЕТО ГО УКИНА ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ

    СОБРАНИЕТО ГО  УКИНА ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕПратеничките клупи на опозицијата денеска останаа празни, поради, како што кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, обидот за убиство на поранешниот пратеник и министер за здравство Никола Тодоров. (Фото: СДК.МК)

    Собранието со 64 гласови „за“ го укина екстерното тестирање. Пратениците ги донесоа измените на законите за основно и за средно образование и законот за наставници. Законите беа донесени по скратена постапка, а за гласањето беше потребно и Бадентерово мнозинство.

    „Апсурдот беше што во свидетелствата на децата се пишуваа и единици, како оценки кои законски не се преодни. Но, најголеми контроверзи екстерното донесе во кариерата на наставниците. Доколку оценката на детето по некој предмет во голема мера се разликува од оценката на наствникот, наставникот влегува на црн список и ако тоа се случи две години по ред, тогаш наставникот ќе го загуби своето работно место. Директорот на училиштето ќе му даде отказ, поради незадоволнителни резултати од работењето“, стои во образложението за донесување на измените поднесени од пратеници на СДСМ.

    На денешната расправа и гласање во Собранието не присуствуваа пратениците на опозиционата коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, поради, како што рече пратеникот Влатко Ѓорчев, обидот за убиство на поранешниот пратеник и министер за здравство Никола Тодоров.

    Екстерното тестирање  требаше да се одржи  на 5 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира