Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги повлекува САД од Парискиот климатски договор, нанесувајќи тежок удар на напорите ширум светот за борба против климатските промени и оддалечувајќи ја земјата од многу сојузници во странство. Тој кажа дека САД ќе обиде повторно да се приклучи на договорот ако може да издејствува поповолни услови.
Оценувајќи ја својата одлука како „повторно воспоставување на американската сувереност“, Трамп кажа: „Јас сум избран да ги претставувам граѓаните на Питсбург, а не на Париз“.
Ставајќи крај на шпекулациите кои траеја неколку недели, некои поттикнати и од самиот Трамп и неговиот кабинет, тој рече: „Од денеска, САД ќе престане со имплементација на необврзувачкиот договор“.