Доцентот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Драги Рашковски е нов генерален секретар на владата. Извори од владата за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека денеска, на првата владина седница, Рашковски е избран за генерален секретар, а неофицијално, негов заменик останува досегашниот секретар, кадар на ДУИ, Тахир Хани.
Професорот Рашковски на јавноста ѝ стана познат по промоцијата на системот на електронско гласање, со кој можат да се избегнат сите неправилности што се појавија на досегашните избори. Електронската гласачка кабина е уред кој користи отпечаток од прст, како метода на идентификација на гласачот.
Драги Рашковски е и иноватор, покрај електронска гласачка кабина, тој предложи и систем како да се спроведе полуелектронски попис на населението.