НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА БЕШЕ ВО ПРОФЕСОРСКИОТ КОНТРАПЛЕНУМ НА ГРУЕВСКИ

    НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА БЕШЕ ВО ПРОФЕСОРСКИОТ КОНТРАПЛЕНУМ НА ГРУЕВСКИДел од потпишаните професори од контрапленумот; Драги Рашковски, новиот генерален секретар на владата.

    Професорот од Правниот факултет Драги Рашковски, кој денеска беше назначен за генерален секретар на владата на Зоран Заев, во декември 2014 година беше еден од 200-те потписници на иницијативата за поддршка на државниот испит за студентите, кој што сакаше да го воведе владата на Никола Груевски.

    Од ноември 2014 до февруари 2015 имаше големи студентски протести и прогласување автономна зона на факултетите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ против воведувањето на државниот испит за студентите, а Студентскиот пленум доби поддршка од дел од професорите, кои се организираа во Професорски пленум.

    По речиси четири месеца протести и окупација на факултетите, тогашниот премиер Никола Груевски ги повика претставниците на Студентскиот и Професорскиот пленум во својот кабинет и по средбата со нив ги повлече измените на Законот за високо образование со кои требаше да се воведе екстерното тестирање за студентите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира