ПОВТОРНО СУДИР СО ПОЛИЦИЈАТА ВО БЛИЗИНА НА ВМРО-ДПМНЕ

    ПОВТОРНО СУДИР СО ПОЛИЦИЈАТА ВО БЛИЗИНА НА ВМРО-ДПМНЕ

    Вечерва демоинстрантите повторно се судрија со полицијата во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, јавуваат репортерите на СДК.МК. Со извици „Браните убијци!“ дел од протестантите фрлаа со камења кон полицајците. Во моментов специјалната полиција ги потиснува демонстрантите подалеку од плоштадот ВМРО.

    Протестот почна мирно пред Собранието, но потоа дојдоа студентите кои во знак на протест за нивните приведени колеги ја поведоа масата кон плоштадот ВМРО. Некој запали слика на Никола Груевски и така почна еуфоријата.

    Во исто време трае и контрапротестот на приврзаниците на власта, кои пристигнаа со автобуси од различни делови на Македонија во близина на зградата на Црвениот крст и се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

    Ситуацијата е тензична. Следуваат фотографии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира