Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј ќе биде најголемата партија, но нема да има мнозинство во британскиот парламент, покажа заедничката излезна анкета на „Би-Би-Си“, „Скај“ и „Ај-Ти-Ви“ по вчерашните предвремени избори. Излезната анкета покажа дека Конзервативците ќе освојат 314 места, а Лабуристите 266.
Според анкетата, Велика Британија ќе има парламент без мнозинство на една партија, бидејќи на Конзервативата партија има 12 пратеници помалку 326, колку што ѝ е потребно за мнозинство во Долниот дом. Шкотската национална партија ќе добие 34, Либерал Демократите 13, Плеид Цимру 3 и Зелените 1.