НЕ ЗНАМ ЗА ШТО СУМ ОСОМНИЧЕН, КАЖА КОТЕВСКИ НА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД СЈО

    НЕ ЗНАМ ЗА ШТО СУМ ОСОМНИЧЕН, КАЖА КОТЕВСКИ НА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД СЈОПоранешиот помошник министер во МВР Иво Котевски точно напладне се појави пред СЈО. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски излезе од Специјалното јавно обвинителство, со кое, како што рече, се договориле да дојде друг ден да изврши увид во доказите за случајот „Талир”, каде првообвинет е лидерот на партијата Никола Груевски.
    Тој во изјава за медиумите рече не знае за што е осомничен, бидејќи уште не ги видел доказите против него, ако и воопшто, како што вели, постојат.

    И тој како и осомничениот Миле Јанакиески, кој беше за истиот случај во ова обвинителстбо во петокот, рече дека СЈО е партиска испостава на СДСМ.
    „Зоран Заев даде многу ветувања пред граѓаните, тие чекаат да ги оствари и овој прогон против функционери на ВМРО-ДПМНЕ е само дефокусирање од очекувањата на граѓаните”, рече Котевски.

    Во „Талир” се осомничени вкупно 14 лица за перење пари од донации за партијата во износ од 4,9 милиони евра и за злоупотреба на службената положба и овластувањата, за период од 1.01.2009 до 31.12.2015 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира