ВМРО-ДПМНЕ ќе бара Претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката за прекинување на кривичните постапки против политичари и соработници за криминал во врска со скандалот со прислушувањето, соопшти денеска владејачката партија. Најави дека за овој предлог ќе бара согласност и од останатие три најголеми партии.
„Одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до Претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки. Во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со останатите три партии при што ќе им го понудиме нашиот предлог“, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.