ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ И ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ЌЕ ГО КОНТРОЛИРААТ ПРИСЛУШУВАЊЕТО ВО УБК

    ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ И ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ ЌЕ ГО КОНТРОЛИРААТ ПРИСЛУШУВАЊЕТО ВО УБК

    Tрајко Вељаноски пред Комисијата за избори и именувања е предложен за претседател на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК)  и Агенцијата за разузнавање (АР).

    Емил Димитриев е предложен за претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана.

    Во Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања за претседател е предложен Павле Богоевски. Членови на таа комисија се: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Трајко Вељаноски, Борис Змејковски и други.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира