Од денеска Собранието е отворено и за граѓаните, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери. Граѓаните во ограничен број ќе може да ги следат седниците од новинарската галерија.
Седницата во моментов е прекината со пауза од еден час, откако Џафери праша дали има некој забелешка за предложениот дневен ред, на кој 10. точка е избор на замениците министри, а за збор се пријавија сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот Илија Димовски самиот побара пауза за дополнителни консултации со колегите од ВМРО-ДПМНЕ.
С. К. ДЕЛЕВСКА