Силен град проследен со ветер го зафати централното градско подрачје на Скопје. Невремето кое траеше десетина минути направи штети на паркирани возила и го забави сообраќајот.
Градот на моменти беше толку силен што возачите мораа да ги запрат возилата и да паркираат на страна.
Од паднатите гранки и лисја се затнаа и шахтите на атмосферската канализација па некои од улиците се поплавија.