Граѓаните од денеска можат директно да му се пожалат на министерот за здравство Арбен Тарабари за неправилности, нерегуларности и корупција во здравствениот систем, соопшти Министерството за здравство. Тоа може да го направат преку мобилните апликации вибер и ватсап на телефонската линија 071/349-999, единствено преку електронска порака. Освен жалби, тие до министерот може да упатат и идеи, предлози или пофалби.
„Линијата #ЗдравоТаравари ја отворивме за да може лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство“, вели Таравари.