И ДА НЕ СЕ ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА СЈО, ДОКАЗИТЕ ЌЕ ГИ ПРЕЗЕМЕ ДРУГО ОБВИНИТЕЛСТВО, КАЖА ЗАЕВ ВО СОФИЈА

    И ДА НЕ СЕ ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА СЈО, ДОКАЗИТЕ ЌЕ ГИ ПРЕЗЕМЕ ДРУГО ОБВИНИТЕЛСТВО, КАЖА ЗАЕВ ВО СОФИЈАПремиерот Зоран Заев со владина делегација втор ден е во посета на Софија. (Фото: МИА)

    Премиерот Зоран Заев, кој втор ден е во посета на Бугарија, рече дека Специјалното јавно обвинителство има кус рок да ги отвори сите истраги од материјалите што тој ги доставил, но додаде дека доказите нема да исчезнат и ќе бидат преземени од други надлежни органи.

    „Доказите постојат и тие се таму и не можат да исчезнат. И да не се продолжи рокот, овие докази постојат и верувам дека друго обвинителство или друг надлежен орган ќе ги преземе и ќе утврди дали постојат и материјални докази за да има обвинителни акти или се само индиции кои што ќе завршат намери кои никогаш не направиле кривично дело или злоупотреба на закон“, ја пренесе изјавата на Заев државна агенција МИА.

    СЈО има рок од 18 месеци да поднесе обвиненија по примањето на материјалите. За материјалите што ги предаде СДСМ, рокот истекува на 30 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира