Премиерот Зоран Заев го заврши експозето пред Собранието, по што на седницата почна дискусија за изборот на заменици министри во Владата. Најмногу забелешки опозициската ВМРО ДПМНЕ има за заменик министерката за надворешни работи Арта Точи, за која пратеникот Антонијо Милошоски, а и колегите сопартијци не престануваат да го прашуваат Заев: Дали таа се уште мисли дека западниот дел на Македонија и припаѓа на Република Албанија и дали знае Заев дека во научните трудови Република Македонија таа ја нарекува ФИРОМ?
Заев излезе на говорница и рече дека е убеден дека предложените кандидати ќе работат според Уставот и законите, дека се максимално стручни луѓе, дека ќе работат паралелно со министрите и дека во оваа работа влегуваат со љубов и посветеност. За заменици министри Заев ги предложи следниве кандидати:
- Беким Максути заменик министер за одбрана
- Агим Нухиу заменик министер на МВР
- Оливер Ристовски заменик министер за правда
- Арта Точи заменик министер на МНР
- Ширете Елези заменик министер за финансии
- Кире Наумов заменик министер за економија
- Власте Димковиќ заменик министер за земјоделство
- Владимир Лазовски заменик министер за култура
- Гоце Чакаровски заменик министер за здравство
- Јани Макрадули заменик министер за животна средина
- Висар Гани заменик министер за образование
- Елми Азири заменик министер за труд и социјална политика
- Дејан Павлески заменик министер за локална самоуправа
- Ремзи Мехмеди заменик министер за транспорт и врски
- Александар Бајдевски заменик министер за информатичко општество и администрација
С. К. ДЕЛЕВСКА