Специјалното јавно обвинителство утре, со почеток во 12:00 часот, ќе одржи прес-конференција, соопшти кусо СЈО.
Утринава, специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која беше во Кривичниот суд за судењето за насилствата и нарачаните шамари во Центар, кажа дека до крајот на неделава СЈО ќе објави за кои предмети ќе бидат поднесени обвиненија. Неофицијално, СЈО ќе поднесе обвиненија за 16 од досега отворените случаи.
Последната прес-конференција на СЈО беше на 22 мај, кога беа презентирани три случаи: „Талир“, „Траекторија“ и „Тревник“.