Премиерот Зоран Заев најави дека евтината струја ќе биде вратена на неколку часа преку ден за сите граѓани и покрај препораката на Европската енергетска заедница евтина дневна тарифа да има само за социјално ранливите категории.
Тој рече дека Македонија сѐ додека не влезе во Европската унија може сама да си ја креира енергетската политика и евтина струја во одреден дел од денот ќе има за сите граѓани. Како што кажа Заев, Владата планира тоа да го овозможи преку заштеди во работењето на РЕК Битола. Евтината струја од 13 до 16 часот беше укината во 2012 година.
На новинарско прашање дали поранешниот директор на Српското електростопанство Александар Обрадовиќ ќе биде назначен за директор на ЕЛЕМ, Заев одговори дека конечна одлука не е донесена.