МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ПОКАНЕТ ДА ПРЕДАВА НА ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ПЕКИНГ ПО РЕТРОСПЕКТИВАТА ВО ШАНГАЈ

    МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ПОКАНЕТ ДА ПРЕДАВА НА ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ПЕКИНГ ПО РЕТРОСПЕКТИВАТА ВО ШАНГАЈМанчевски дава автограми на првата ретроспектива во Шангај минатиот месец

    Mакедонскиот режисер Милчо Манчевски e поканет да предава на престижната Филмска академија во Пекинг, Кина по неколкунеделниот престој во Шангај, каде беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија.

    Манчевски, заедно со холивудската актерка, французинката Изабел Ипер во улога на презентери, на сцената ја објавија и главната филмска награда на фестивалот во Шангај

    Во рамките на јубилејното 20. издание на Филмскиот фестивал во Шангај беа прикажани сите филмови на Манчевски. Тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Наедно, Манчевски одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, беше отворена и негова изложба фотографии, а беше промовирана и негова книга што е издадена во Кина. На крајот од фестивалот, Манчевски, заедно со холивудската актерка, французинката Изабел Ипер во улога на презентери, на сцената ја објавија и главната филмска награда.

    Турскиот постер на ‘Пред дождот’ до врамените слики на ѕидот на Трифо, Вуди Ален и Кишловски во мини кинотека среде Шангај

    „На страна црвените ќилими, сега за првпат легално се прикажуваа моите филмови во Кина. И покрај тоа, тие ѝ се прилично добро познати на кинеската публика, особено на академските кругови, затоа што нашироко се предаваат на универзитетите низ Кина. Досега ги гледале како пиратски изданија, оти официјално не се увезени (иако играа во комшии – во Тајван, Хонгконг, Јапонија, Јужна Кореја…). Низ годините бројни рецензии и есеи се објавувани, а филмовите се предаваат и на филмските академии во Кина како пример за наративна структура. Проекциите беа распродадени (сала од 1.200 седишта), а добив и покана да предавам на државната филмска академија во Пекинг. Една вечер ме однесоа низ сокачиња преполни со луѓе, по скали, па во еден стан, низ една соба, па во собата назад, каде што имаше еден огромен постер на стар француски филм, цела библиотека книги и врамени слики на ѕидот: Бергман, Орсон Велс, Тарковски, Жан-Лик Годар, Трифо… Кафе-кино ‘Шаброл’, во стан, каде собира само 15 луѓе. Секоја вечер си пуштаат филмови и ги дискутираат. И една од врамените слики на ѕидот, среде Шангај, до Трифо, Вуди Ален и Кишловски, беше турскиот постер на ‘Пред дождот’,“ вели Манчевски.

    Редица за мастеркласот на Манчевски во Шангај

    Гостувањето доби и големо медиумското внимание, а организаторите велат дека имало огромен интерес за филмовите на Манчевски, кои се прикажуваа со по три проекции и беа за миг сите распродадени. Исто се случи и со влезниците за мастеркласот под наслов „Збор, слика и време“ во Кинескиот музеј на уметноста.

    Гостувањето доби и големо медиумското внимание

    Филмовите на Манчевски се предаваат на универзитеттите во Пекинг, Шангај и Чонкинг. На проекциите и мастеркласот дојдоа најмногу студенти и од други градови во Кина, кои кажуваа дека нивните професори постојано им го прикажувале „Пред дождот“ и преку овој филм ги учеле за филмска структура. Присуството на Манчевски во Шангај е забележано и со голем написи во медиумите, проследено со бројни интервјуа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира