И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА ПРОТЕСТИТЕ!

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(сАКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА ПРОТЕСТИТЕ!

    Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје денеска е украсен со знаме на кое пишува „Смрт на фашизмот, слобода на народот“. Поради убавото време паркот е полн со луѓе.

    Не се знае дали станува збор за нова герила акција на некоја невладина организација, или знамето е останато од синоќешните протести низ центарот на главниот град. Пред Собранието и пред Владата имаше десетина знамиња со истата содржина.

    Денеска нема протести во Скопје, демонстрациите ќе продолжат утре во 18 часот пред зградата на СЈО, објави утринава на  својата Фејсбук страна и на Твитер, организаторот, граѓанската иницијатива Протестирам.

    Протестите во Скопје, Битола и Струмица вчера поминаа мирно. Демонстрантите бараа оставка од претседателот Иванов, формирање експертска влада и одложување на изборите од 5 јуни

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира