Владата го назначи Миле Бошњаковски за владин портпарол на денешната седница. Тој доаѓа на позицијата од УНФПА (Фонд за население на Обединетите Нации), каде што работеше како специјалист за комуникации и застапување. Бошњковски претходно беше директор на корпоративни Комуникации во македонскиот „Ти-Мобајл“. Како новинар, работеше во Канал 5 и МРТВ.
„Во интерес на транспарентно и навремено известување за активностите на Владата на Република Македонија, на денешната владина седница беше одлучено Миле Бошњаковски да ја извршува функцијата портпарол на Владата на Р .Македонија. Беше заклучено дека огромното искуство и професионалниот капацитет што Бошњаковски ги поседува во областа на комуникациите, е цврста гаранција за понатамошното транспарентно, навремено и отчетно информирање на граѓаните за активностите на Владата на Република Македонија“, соопштија од Владата.