ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ОДИ НА РАБОТА И СЕ КРИЕ ОД ТАРАВАРИ

    ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ОДИ НА РАБОТА И СЕ КРИЕ ОД ТАРАВАРИМинистерот за здравство Таравари вели дека вели дека се уште не одлучиле кој ќе го замени Стефановски, но додава дека се во потрага по компетентен, професионален и совесен кадар. - Сашо Стефановски и Арбен Таравари

    До крајот на неделата ќе биде разрешен директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски, оти не оди на работа и го игнорира Министерството за здравство, изјави министерот за здравство Арбен Таравари за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тој вели дека се уште не одлучиле кој ќе го замени Стефановски, но додава дека се во потрага по компетентен, професионален и совесен кадар.

    Тој ги потврди неофицијалните информации дека размислуваат во Фондот за здравствено осигурување место двајца директори, како што е сега, да има само еден директор, како и тоа дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.

    „Има такви идеи. Тоа засега е само идеја. Но, се размислува дека ФЗОМ треба да има само еден директор. Уште еднаш ќе консултираме релевантни лица, ќе зборуваме уште еднаш и во Влада и ќе донесеме решение. Ќе гледаме тоа да биде функционално и да нема условување меѓу ФЗОМ и Министерство за здравство, туку нивната работа да биде поврзана. Така ќе функционираат многу подобро, отколку да се поделени“, вели Таравари.

    Тој смета дека здравствените институции треба да функционираат како едно тело, бидејќи вака здравствениот систем сега е потром, побавен и понефункционален. Но, додава дека ова се само идеи и дека на крај треба да донесат решение кое е најприфатливо и за пациентите и за лекарите.

    „Сега во одредени ситуации министерот нема влијание во ФЗОМ. Еве конкретно се случува директорот на Фондот Стефановски да не оди на работа и ги игнорира сите институции и да не крева телефон на Министерство за здравсто. Ќе го сменам многу скоро“, рече Таравари.

    На 27 јуни, Стефановски беше избран за нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. На 3 јули, со тим од партијата беше во посета на охридско како дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за посета на населени места низ целата држава пред локалните избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира