Руската агенција за заштита на правата на потрошувачите ги истражува фиџет спинерите, бидејќи, како што велат од агенцијата, популарната играчка може да биде штетна за здравјето на децата. Државната агенција Роспотребнадзор соопшти дека отворила истрага „имајќи ја предвид анксиозноста на родителите и наставниците“.
Но, има уште една причина, не толку очигледна, за популарноста на играчката во Русија: промоцијата од политичката опозиција. Лидерот на протестите Алексеј Навални беше снимен како си игра со спинер во суд во мај и видеото стана популарно. Неколку дена подоцна, на Руската државна телевизија имаше извештај со предупредување за родителите дека спинерите можат да бидат штетни за децата и дека активистите на опозицијата ги користат играчките за да ја промовираат нивната кауза.