ВЕЉАНОВСКИ НЕЗАКОНСКИ ДАЛ ПОД ЗАКУП ДЕЛ ОД ОБЈЕКТОТ НА ДРАМСКИ ТЕАТАР, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА АЛАЃОЗОВСКИ

    ВЕЉАНОВСКИ НЕЗАКОНСКИ ДАЛ ПОД ЗАКУП ДЕЛ ОД ОБЈЕКТОТ НА ДРАМСКИ ТЕАТАР, ВЕЛАТ ОД КАБИНЕТОТ НА АЛАЃОЗОВСКИЗа в.д. директор на Драмски театар беше назначен актерот Сашо Тасевски. - Алаѓозовски на владина седница (Фото: СДК.МК)

    Инспекциските служби констатирале дека разрешениот директор на Драмски театар Роберт Вељановски незаконски дал под закуп дел од објектот на националната установа, соопштија од кабинетот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Соопштението со наодите на инспекциските служби доаѓа по денешното разрешување на Вељановски од функцијата директор на националната установа Драмски театар, а за вршител на должноста беше назначен актерот Сашо Тасевски.

    „Инспекцијата констатирала и дека незаконски бил издаван под закуп дел од објектот на националната установа, простор што е во сопственост на Република Македонија, со оглед дека претходниот договор за закуп бил истечен на 14.02.2015 година. Од делот на прекршоци издвојуваме дека во националната установа не се водела соодветна евиденција за работното време на вработените во установата, предвидена со законот за работни односи, а досегашниот директор Вељановски донел и годишна програма за работа на установата без согласност на Управниот одбор“, соопштија од кабинетот на Алаѓозовски.

    Од кабинетот на министерот велат и дека министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира