ВО СУДНИЦА ПУШТЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ КАКО СОПРУГАТА НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ МУ ДОГОВАРА СРЕДБА СО ТАТКО НА ДВАЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ ЗА КОИ ТОЈ ПОСТАПУВАЛ ВО АПЕЛАЦИЈА

    ВО СУДНИЦА ПУШТЕН МАТЕРИЈАЛ ОД ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ КАКО СОПРУГАТА НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ МУ ДОГОВАРА СРЕДБА СО ТАТКО НА ДВАЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ ЗА КОИ ТОЈ ПОСТАПУВАЛ ВО АПЕЛАЦИЈАСопругата на судијата Ристов, Симона Ристова врши јавна функција, таа е Државна правобранителка, уште нема постапка за нејзиното однесување и разговорите во шифри со родителот на обвинети за проституција, дрога и перење пари, односно за средбите што со овие лица му ги договара на сопругот. (Фото: СДК.МК)

    По сведокот кој рече дека мајката на обвинетиот судија Ѓоко Ристов уплатила кај него 400.000 евра за станови кои уште не се почнати со градење и откако обвинителката Искра Хаџивасилева рече дека докажала оти 350-те илјади евра закопани во ѕидот не се дел од оваа сума, таа продолжи со пуштање прислушувани разговори со судска наредба, од кои можеше да се види како еден судија  договара средби за да земе мито.

    Обвинителката рече дека женскиот глас што се слуша на разговорите со родителот на двајца притворени и обвинети за дрога, проституција и перење пари, е всушност сопругата на Ристов, Симона Ристова, која е Државна правобранителка. Таа ги договарала средбите на нејзиниот сопруг со засегнатите странки.

    Хаџивасилева изведуваше податоци од посебни истражни мерки (ПИ-мерки) од Един Шеапи и Али Арифи (татко на обвинетите), прислушувани поради сомневање за давање поткуп на судијата Ѓоко Ристов, кој тогаш бил Апелациски судија кој постапувал по предмет кој го водеше Кривичниот суд, за злосторничко здружување, проституција, неовластено држење дрога и перење пари, за угостотелски објект „Ориент“.

    Обвинетиот Един Шеапи збори со друго машко лице на 5 мај 2025 кое го прашува: „Дали оваа недела ќе се сретнеме со нишанот?

    Шеапи вели, да.

    „Ти сам?“, го прашува Али Арифи.

    Шеапи вели потврдува и кажува дека чека нишанот да му каже кога.

    „Оваа недела мора са се заврши, со Господ напред“, вели тој.

    Потоа Шеапи утредента бара прием од Симона Ристова, која ја договара целата работа. Ова е еден ден пред настанот од седми мај 2025, од претходно пуштена видеоснимка од реализираната средба меѓу Шеапи и судијата Ристов.

    Потоа му врти Симона Ристова. Шеапи ѝ вели дека и пишал и на Инстаграм, таа му вели во гужви била цел ден. Тој бара прием.

    Вечерта на шести мај, Шеапи и’ пишува порака во која и вели: „само да ве потсетам”.

    По 20 минути Ристова возвраќа: „Да, за утревечер”.

    Кратко потоа тој пишува: „Благодарам, се слушаме“.

    Али Арифи, таткото на обвинетите во предметот „Ориентал“, на седми мај збори со друго машко лице, му кажува дека е „на чекање”.

    Во следен разговор Шеапи кажува дека се слушнал вчера со посредничката.

    Кај 13 часот тој ден Шеапи ѝ испраќа на Ристова порака: „Здраво, да ве потсетам”. Потоа уште еднаш се слушаат и таа му пишува: „Кај Хрватска амбасада”.

    Тој ѝ враќа: „Благодарам”.

    Вечерта таткото Арифи разговара со машко лице. Уште еднаш се чуле со сопругата на судијата, која му конкретизирала на Шеапи: “Кај кафичот”.

    Симона Ристова врши јавна функција, но сè уште нема постапка за нејзиното однесување и разговорите во шифри со родителот на обвинети за проституција, дрога и перење пари, односно за средбите што со овие лица му ги договара на сопругот.

    Судењето со нови докази продолжува на 3 септември. Адвокатот рече дека го предложил неговиот клиент Ѓоко Ристов  за сослушување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира