Властите во Форт Лодердејл, Флорида, објавија дека уапсиле човек кој ограбил банка, па потоа сосема гол трчал по улица фрлајќи ги украдените пари.
Според ФБИ, 25 годишниот Александар Шпербер изјавил дека кога се разбудил во вторникот решил да ограби банка и на тој начин да ја почне својата кариера како комедијант.
Тој ја паркирал колата пред банката, влегол внатре и имитирајќи пиштол со испружен показалец побарал пари од шалтерската работничка. Таа му предала 4700 долари во торба. Тој имал и пакетче со црвена боја кое експлодирало, симулирајќи крв на левиот зглоб.
Локалните медиуми објавија дека полицијата загрижена за неговото душевно здравје го одвела Шпербер во болница. По прегледите излегло дека е свесен, дека „е со сите“ и дека е неповреден.
Шпербер е обвинет за грабеж на банка.