За првпат во историјата, на вработени во една американска комапанија ќе им се имплантира микрочип во раката на доброволна база. Микрочиповите ќе го олеснат работењето, велат од технолошката компанија „Три Сквер Маркет“.
Со вградениот ќе можат да се логираат на компјутер, да споделат бизнис карти, да отклучуваат телефони, да отвораат врати, да купуваат храна во мензата и да складираат информации само преку тапкање со прст. Микрочиповите се колку едно зрно ориз и ќе бидат вметнати меѓу показателот и палецот.
Еден чип вреди 300 долари, но компанијата прифатила да плати за сите вработени кои имале храброст да го пробаат имплантот. Компанијата ветува дека нема да има хакирање, следење со ГПС или поигрување со лични податоци.
Повеќе од 100 вработени веќе го користат овој тип на микрочип во компанија во Шведска. Иако може да звучи како необична работа, таа не е доживотна. Доколку некој се предомисли, или пак сака да смени работно место, чипот може да се извади, со истата леснотија со која се соблекува ракав.